-->
-->
Филипче: Антителата не се репер за тоа дали треба да се прими вакцина
-->
– Антителата како количина не се репер за тоа дали треба да се добие вакцина или не, односно нема долна граница. Дополнително зависи од апаратот на кој се работи и институцијата. Во принцип ставот е дека после два или три месеци од прележувањето на болеста може да се прими вакцина против Ковид-19.
Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека при тоа не се само антителата доказ дека има имунитет против вирусот.
– Некогаш останува таканаречениот клеточен имунитет, а тоа значи дека веднаш кога ќе дојде повторно во контакт организмот ќе почне да лачи антитела кои во даден момент можеби се немерливи, посочи Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Владата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Комисијата за финансирање и буџет ја почнува амандманската расправа за ребалансот - поднесени 224 амандмани
-

Сиљановска Давкова учествува на Самитот на НАТО во Анкара
-

СП 2026: Шпанија во судиското продолжение ја совлада Португалија за четвртфинале
-

Сончево и топло до 36 степени, попладне можни дожд и грмежи
-

ЦУК: Вкупно 14 пожари на отворено, два сѐ уште активни
-

Ѓорѓиевски: Со пуштање на мостот „Генерал Михајло Апостолски“ и Градскиот воз, Скопје ќе добие поефикасен и побрз сообраќај
-

Ѓорѓиевски: Наскоро тендер за целосно сервисирање на жичницата, остранувањето на дивоградбите продолжува
-

Оперативна акција Global Chain за сузбивање на трговија со луѓе: Откриени три кривични дела и 49 прекршоци во нашата држава
