Филхармонија на „Охридско лето“ со концерт „Песни од срцата“

Последниот концерт на Македонската филхармонија за оваа сезона е „Песни од срцата“ кој ќе се одржи вечер на Античкиот театар, во рамки на фестивалот „Охридско лето“ и во продолжение на свечената академија по повод 1100 години од упокојувањето на Св. Климент Охридски која ја организира МАНУ.
Под палката на диригентот Борјан Цанев на концертот ќе настапат оперските пејачи Ана и Игор Дурловски.
Како што информира Филхармонијата, „Песни од срцата“ е проект кој ги вклучува најубавите љубовни песни од народната македонска музичка традиција, за чии аранжмани е задолжен композиторот Сони Петровски. Овој проект Македонската филхармонија го реализираше минатата година во Македонскиот народен театар.
Македонската филхармонија соопшти дека веќе е готова и програмата за новата концертна сезона 2016/2017 и ќе понуди концерти со разновидна содржина, настапи на врвни солисти и диригенти и премиерни дела.
Новата сезона свечено ќе биде отворена на 6 октомври, со настап на познатата виолинистка Мидори (Јапонија, САД), која ќе го изведе атрактивниот Концерт за виолина и оркестар од оскаровецот Ерих Корнголд. Под палката на Емил Табаков од Бугарија, ќе биде изведено и комплексното симфониско дело „Животот на херојот“ од Рихард Штраус, по кое овој концерт го носи насловот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Дарко Динев, кандидат за ректор на УКИМ
-

Обвинителството тврди дека промената на обвинителката нема да влијае врз предметите за „Пулс“
-

Стартува реконструкцијата на охридскиот аеродром
-

Францускиот амбасадор вели дека гаранции се невозможни, Mицкоски подготвен да чека децении за уставните измени
-

Запленети 40 тони јајца на Табановце
-

Анкета: Голема поддршка за системот Безбеден град и законот кој треба да забрани пушење на јавни места
-

Треба да се даде поголема поддршка за социјалното претприемништво на младите, особено во малите средини
-

Органодарителство, хуманост што спасува животи
