Филателистичката изложба за сесловенските просветители во Куманово

По повод Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, во Уметничката галерија во Куманово синоќа беше поставена филателистичката изложба на др. Бранислав Светозаревиќ насловена „Светите браќа Кирил и Медотиј – сесловенски просветители“.
Кумановската публика имаше можност да разгледа дел од филателистичко-картофилската колекција, за која авторот Светозаревиќ, посочи дека е комбинација на два вида збирки кои се во функција на историјата и културата.
- Во збирката направен е избор на материјали кои се печатени 100-тина години наназад, се до последниве години. Со неа сакам да прикажам дека сите држави кои ја негуваат словенската култура издавале поштенски марки, разгледници, пригодни коверти на тема Кирил и Методиј. Култот кон светителите е многу силен во овие држави и тоа се одразува и на филателијата и картофилијата, рече авторот Светозаревиќ.
Покрај, оваа збирка, публиката во Куманово имаше можност да разгледа и одбрана колекција посветена на Свети Климент Охридски и 1150 години од неговото упокојување.
- Преку оваа збирка се прикажува друга димензија, колку институции, цркви, научни конгреси, разни организации го носат името на Свети Климент Охридски. Еден печат кој останал неизбришлив, секогаш тука присутен со нас, потенцира Светозаревиќ.
Директорката на НУ Музеј Куманово, Анита Цветановска истакна дека изложбата претставува уникатна можност кумановци да се запознаат со колекцијата на Светозаревиќ.
Бранислав Светозаревиќ е истакнат колекционер и автор на бројни научни трудови од областа на историјата, архивистиката, музеологијата, етнологијата и културата. Зад неговото име стојат повеќе од 20 фотографски, филателистички и картофилски изложби на историски, културни, спортски теми.
Филателистичко-картофилската изложба ќе биде поставена во Уметничката галерија наредните десет дена.
Ново на Сител
-

Руте: Словенија, Албанија и Чешка не ја исполнија целта на НАТО за одбранбени трошоци
-

Николоски-Баша: Изградбата на автопатот Скопје – Блаце е клучна за економската соработка меѓу Македонија и Косово
-

СП 2026: Нејмар нема да настапи против Хаити
-

СП 2026: Роналдо повикува на фокус на следниот натпревар
-

Украина и Русија повторно разменија тела на загинати војници
-

Бројот на новороденчиња во Грција за една година намален за 4,2 отсто
-

Израел објави нова карта на териториите под контрола на ИДФ во јужен Либан
-

Двајца поранешни претседатели на ФФМ осомничени за проневера на над 180 милиони денари
