-->
-->
ФИФА: Прифатени пет кандидати за местото на Блатер
-->
Изборната комисија на Светската фудбалска организација (ФИФА), во четвртокот потврди пет кандидатури за пртседател на оваа организација.
Условите за кандидатурата за претседател на ФИФА ги исполниле: јорданскиот принц Али бен ел Хусеин, Жером Шампањ, Џани Инфантино, шеикот Салман бин Ебрахим ел Калифа и Токио Сексвејл.
Кандидатурата на претседателот на Фудбалскиот сојуз на Либерија, Муса Билити, не е прифатена, поради, како што се наведува, ‘проверка на интегритетот’. Билити има право оваа одлука да ја обжали пред Судот за арбитража во спортот.
Кандидатурата на претседателот на УЕФА, Мишел Платини, ќе биде разгледана откако ќе му истече суспензијата.
Изборите за претседател на ФИФА ќе се одржат на 26. февруари наредната година во Цирих.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тензично пред и внатре во албанскиот парламент
-
Минатата година во Србија идентификувани 82.000 случаи на детски труд
-
Мицкоски: Нема да ја повторувам како папагал придавката
-
Мицкоски: Гаши да се извини на граѓаните на Македонија бидејќи од тука зема плата
-
Кај уапсените Косовци поради шпиунажа во корист на Србија пронајдено оружје, муниција и гас-маски
-
Од идната недела уште повисоки температури
-
ЦУК: Пријави за змии во Скопје и Прилеп
-
Христијан Мицкоски мандатар за состав на влада