ФИФА потпиша договор со Нетфликс за двата следни женски фудбалски мундијали

Светската фудбалска федерација (ФИФА) потпиша договор со американската компанија Нетфликс за емитување на светските првенства за жени во 2027 и 2031 година на територијата на САД.
Договорот е најзначајниот потпишан од ФИФА за стриминг услуга за голем турнир. Вредноста не е официјално објавена.
Светските првенства вообичаено се емитуваат на бесплатни јавни мрежи за да допрат до најголемата публика.
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, јавно ги критикуваше јавните радиодифузери, особено во Европа, за намалувањето на понудите за пренос на турнирот во 2023 година, кој се одржа во Австралија и Нов Зеланд. Овој Мундијал го пренесуваше Фокс во САД.
„Овој договор испраќа силна порака за вистинската вредност на Светското првенство за жени на ФИФА и за глобалниот женски фудбал“, порача Инфантино.
ФИФА најверојатно ќе го искористи договорот со Нетфликс за да започне преговори со европските радиодифузери, што ќе биде значително потешко.
Турнирот со 32 екипи и 64 натпревари во 2027 година ќе се игра во Бразил од 24 јуни до 25 јули. Домаќинот во 2031 година не е познат, но се очекува САД да се пријават за домаќин на женскиот Мундијал.
Ново на Сител
-

Регионален форум за борба против корупција во организација на Државната ревизија
-

Службеничка од МВР осудена на две и пол години затвор за фалсификувани возачки дозволи
-

Миланов: Апаратите во Лотарија и приредувањето игри на среќа се законски
-

Реконструиран студентскиот дом „Стив Наумов“, 1.150 студенти добиваат современи услови за живеење
-

Земјоделците го блокираа патот Прилеп-Битола, бараат итни мерки и помош од државата во сите гранки
-

Мицкоски: Барам разрешување за скандалот во Македониумот
-

Нов обид за деблокада на измените во Изборниот законик
-

СДСМ: Мицкоски ја распродава Македонија
