-->
-->
ФИФА: Македонија 146-та во светот
-->

Фудбалската репрезентација на Македонија продолжува да назадува на ранг листата на ФИФА. На најновата листа, која ФИФА ја објави во четвртокот, Македонија го има најлошиот рејтинг во својата фудбалска историја и се наоѓа на 146-то место.
Поразот во Албанија во првиот квалификациски натпревар за пласман на Светското првенство во 2018 година, предизвика нов „пад“ на македонската фудбалска репрезентација на ФИФА листата.
На најновото рангирање на светските селекции, Македонија назадувала за осум позиции и сега се наоѓа на 146-то место.
Од сите европски селекции, само седум се полошо рангирани од македонската фудбалска репрезентација: Молдавија (161 место), Косово (168), Малта (176), Лихтенштајн (182), Сан Марино (201), Андора (203), Гибралтар (205).
Покрај македонската репрезентација и противниците во квалификациската група назадуваа на ФИФА листата: Шпанија, Италија и Албанија назадуваа за по три места и сега се на 11-то, 13-то, односно 40-то место.
Израел е селекција која бележи најголем пад на листата од дури 22 места и во моментов на ФИФА листата е на 98-то место.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нови мерни станици во Струмица
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Јованка Тренчевска, потпретседателка на СДСМ
-

Филипче: Растат авторитетните тенденции
-

“Стоп за Усје” одржа протестен марш во Скопје
-

УПОЗ го прифати владиниот предлог - административците ќе добијат повисоки плати за 40%
-

Утре стартува Сејф сити, казните за возачите ќе бидат од 15 до 500 евра и одземање возачки дозволи
-

Апсурдна е пресудата за новинарката Вејсели, реагираат медиумските организации и властите
