-->
-->
ФИФА ќе изврши жрепка за квалификациите за СП 2018
-->

Македонската фудбалска репрезентација денеска ќе ги дознае противниците во квалификацсиката група за Мундијалот во Русија 2018.
Пред жрепката закажана за 17 часот во Санкт Петербург, нашата репрезентација се наоѓа во петтиот„шешир“ каде што се и селекциите на Кипар, Летонија, Ерменија, Финска, Белорусија, Азербејџан, Литванија и Молдавија и ниту една од нив нема да биде во групата со Македонија.
Во првиот „шешир“ се носителите, светскиот првак Германија, Белгија, Холандија, Португалија, Романија, Англија, Велс, Шпанија и Хрватска.
Вториот „шешир“ го сочинуваат Словачка, Австрија, Италија, Швајцарија, Чешка, Франција, Исланд, Данска и Босна и Херцеговина.
Во третиот „шешир“ се наоѓаат: Србија, Украина, Шкотска, Полска, Унгарија, Шведска, Албанија, Северна Ирска и Грција.
Репрезентации сместени во четвртиот „шешир“: Турција, Словенија, Израел, Република Ирска, Норвешка, Бугарија, Фарски Острови, Црна Гора и Естонија.
Шести „шешир“: Казахстан, Луксембург, Лихтенштајн, Грузија, Малта, Сан Марино и Андора.
52-те репрезентации ќе бидат распоредени во седум групи со по шест и две групи со по пет учесници. Пласман на СП обезбедуваат победниците во групите, и четири второпласирани преку баражи.
Квалификациите ќе почнат на 4 септември идната година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бојан Маричиќ, претседател на ДИК
-

Нема да ја екстрадираме Ива Михаилова, вели бугарскиот министер за внатрешни работи
-

Претреси на 40 локации низ државата, пронајдени дрога, оружје, пари и мачети
-

Брвеница утре избира градоначалник, денеска гласаат болни, изнемоштени и затвореници
-

Специјална Олимпијада: Историски успех на нашите атлети во Малта
-

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри
-

Јабланица чека да биде прогласена за национален парк
-

Стресот и анксиозноста сѐ поприсутни кај младите, стереотипите ги кочат да побараат помош
