-->
-->
ФИФА: Адеми не смее да игра фудбал!
-->

Македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми, не смее да настапува за членот на хрватската четврта лига, Кустошија, што беше замислата на неговиот клуб Динамо Загреб, додека тој ја одработува четиригодишната суспензија на ФИФА.
Адеми, беше позтивен за допинг тестот по натпреварот со Арсенал во Лигата на шампионите, одигран на 16.септември, а откако и Б наодот исто така беше позитивен, ФИФА на 20.ноември му изрече четиригодишна суспензија.
Замислата на Динамо Загреб беше талентираниот играч додека е под суспензија да ја одржува формата во аматерскиот тим Кустошија, но според зборивите на генералниот секретар на Хрватскиот фудбалски сојуз, Владо Ивета, тоа нема да биде можно.
Ивета, кој инаку по професија е правник, го известил Динамо, дека четвртиот ранг од хрватскиот фудбал иако е аматерски, тој сепак е под ингернација на ФИФА, што значи дека Адеми не може да настапува за овој клуб.
Оваа информација потоа за „Вечерњи лист“, ја потврдил директорот на Динамо, Томислав Светина.
„Во одлуката на УЕФА пишува дека не смее да игра фудбал. Пред неколку денови побаравме објаснување од УЕФА, да видиме дали тој може да настапува во четвртата лига“, изјавил Светина.
Инаку, доколку случајот не бил навреме откриен и Адеми и Кустошија ќе беа соочени со казни од страна на ФИФА.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
