Фич го потврди рејтингот на Македонија на ББ+

Кредитната агенција Фич го потврди ББ+ кредитниот рејтинг на Република Македонија. Ова е единаесетта година по ред како кредитната агенција ја потврдува оценката ББ+ за Македонија.
Како база за својата оценка Фич ги зема економскиот раст и одличната бизнис клима. Кредитната агенција оценува дека среднорочните владини политики кои вклучуваат активни програми за вработување, капитални инвестиции во инфраструктурата и зголемувањето на социјалните надоместоци ќе придонесат за раст на потрошувачката на домаќинствата, но и за раст на јавните и приватните инвестиции. Фич смета дека растот на македонската економија за 2015 година ќе изнесува 3,2 проценти од БДП, додека за 2016 и 2017 година проектира 3,6%.
Бизнис климатата во Македонија е особено поволна, се вели во извештајот на агенцијата и се истакнува дека земјата се наоѓа на високото 12 место во светот според условите за водење бизнис, согласно извештајот на Светска банка Дуинг бизнис 2016.
Банкарскиот сектор е оценет како стабилен и добро капитализиран.
Во извештајот на Фич се вели дека македонската економија според повеќе индикатори има подобар перформанс од кредитниот рејтинг на ниво „ББ“, како развојот на човечки ресурси, нивото на државен долг и дефицит кои се оценети како умерени.
Како ризици во извештајот се истакнуваат актуелната политичка ситуација и пролонгирањето на политичката нестабилност – односно дали и како ќе се реализираат изборите предвидени во април.
Фич има позитивни перспективи за економијата на ЕУ, за која наведува дека ќе продолжи да се опоравува што и оди во прилог на македонската економија чиј најголем трговски партнер се земјите од ЕУ.
Ново на Сител
-

Со снимки од пријавите за семејно насилство продолжува судењето против Стојанче Јовановски
-

Мнозинството не ги прифати пакет законите на СДСМ за заштита на животниот стандард на граѓаните
-

Преглед на вестите од светот
-

Заврши втората сесија од стратешкиот дијалог со САД
-

Конфликтите го менуваат туризмот
-

Главна дестинација за прилепчани за Велигден и понатаму е дома, но се зголемува бројот и на оние кои патуваат во странство
-

Штипска модуларна повторно во функција, но со друга намена
-

Штетите од војната на Блискиот Исток ќе се чувствуваат со години
