Бизнис
3. February 2018 - 16:20

Фич го подобри кредитниот рејтинг на Македонија во ББ плус

Фич го подобри кредитниот изглед на змејава од негативен во позитивен. Истовремено го потврди рејтингот на ББ. Во извештајот на Агенцијата се наведува дека најголемо влијание на ваквите оценки  има стабилизирањето на домашната политичка сцена и меѓународните односи. Понатаму се наведува дека рестартирањето на преговорите со Грција и дипломатските сигнали околу решавање на спорот за името се позотивни, што исто така влијае на рејтингот. Земјава очекува во следните месеци да добие позитивна препоарака од Евроспката комисија и почеток на преговорите за пристап во ЕУ.

Врз ревидирањето на изгледот влијае  и оценката дека буџетскиот дефицит лани изнесува 2,7 отсто наспроти проектираните 2,9 % со ребалансот. Фич проценува дека државниот долг минатата година изнесува 39,2 отсто од БДП а вкупниот јавен долг е 47,4 % што претставува прво годишно намалување на јавниот долг после 9 години.

Извештајот на агенцијата го објави министерот за финансии, кој смета дека ова е најдобра потврда  за реформите и кредибилноста на фискалната политика.

Подобрениот кредитен рејтинг е добар предзнак за позитивната политичка клима во земјава. Но нема да доведе до зголемен интерес кај домашните и странски инвеститори, смета економскиот аналитичар Фатмир Битиќи.  Домашните фирми сеуште се соичуваат со проблемот на ликвидност и несигурност во работњето, а честото менување на законите од страна на власта ги одвраќа сите инвеститори.

- Оваа Влада покажа знаци на неможност да се справи со големи прашања како што се даночната политика или други промени на закони кои што диретно влијаат на работењето на стопанството. Гледаме дека скоро секој месец имаме најава за промена  на одреден закон и после тоа повлекување или одложување  на спроведување на мерките. Во таква состојба не можеме да очекуваме дека тие што се секако спремни да инвестираат би сакале да влезат во земјава, смета економскиот Битиќи.

Меѓудругото во извешатјот на Агенцијата стои дека невработеноста е висока поради сивата економија, но има опаѓачки тренд. Очекувањата се дека економијата годинава ќе има раст од 3,1 отсто и 3,3 % во 2019. Најголемо влијание на подобрувањето на економската доверба ќе има нормализацијата на политичката сцена.