-->
-->
ФИБА ја суспендира Русија
-->

Светската кошаркарска федерација (ФИБА) ги суспендира сите руски национални селекции од меѓународните натпреварувања, соопшти денеска Сергеј Чернов, член на извршниот одбор на ФИБА.
Тој рече дека Руската кошаркарска федерација добила писмо со кое се известува дека Русија во моментов не е на листата на ФИБА членки.
- Ние сега размислуваме како да се справиме со ново настанатата ситуација. Дозволете Министерството за спорт и Рускиот олимписки комитет да најдат начин да ја решат ситуацијата, бидејќи „висат“ настапите на Европското првенство и Олимписките игри, изјави Чернов.
Одлуката на ФИБА доаѓа како резултат на скандалите и неправилностите при последните избори во Руската кошаркарска федерација.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Калиопи, естрадна уметничка
-

85 години од почетокот на НОБ
-

Доделени државните награди „11 Октомври“
-

Суспензија за 6 полицајци за инцидентот во Сарај
-

Граѓаните главно задоволни од квалитетот на живот
-

Дрва, пелети, струја или парно - кое греење зимава ќе биде најевтино?
-

Променливото време аларм за хронично болните
-

Сејф сити од утре во Охрид, Струга, Дебар и Кичево
