ФХ3Х дел од ефектите во новиот Марвелов филм - „Ант Мен“

Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х беше дел од визуелните ефекти на најновиот Марвелов суперхерој Ант Ман, научно-фантастична акција проследена со хумор.
Кристијан Даниловски, ко-сопственик и извршен продуцент во ФХ3Х, истакна дека овој проект го работеле во соработка со МПЦ Техноколор.
- Од првиот Ирон Ман 2 во 2010 година, ова е деветти Марвелов филм на кој сме работеле, и горди сме на континуитетот во квалитет наспроти динамичните промени во технологија и начин на работа во нашата индустрија во последните пет години, вели Даниловски.
Ант Ман според најавите е доказ за Марвеловата способност да внесат различност во креирањето суперхерои, дури и малку ексцентричност, и тоа без да потпаднат во шаблонот, и да ја зачуваат својата стабилност во базата на фанови.
Ант Ман ја раскажува приказната за малиот крадец Скот Ланг (толкуван од Пол Руд) кој му помага на својот херој Др. Хенк Прим (Мајкл Даглас), со тоа што се согласува да го носи костумот на Ант-Ман и да се намали до големина на мравка за да изведе грабеж со кој ќе го спаси светот и човештвото.
Проекциите на благајните за првиот викенд на прикажување се движат меѓу 55 и 65 милиони долари, што ќе биде голема победа за најмалиот суперхерој на светот, креација на Марвел Студиос и Дизни.
Филмот премиерно ќе биде прикажан во Скопје в четврток во киното Синеплекс со почеток од 20 часот.
Ново на Сител
-

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во Гостивар
-

Обвинителството бара притвор за осомничените од гостиварски „Комуналец“, се соочуваат со најмалку четири години затвор
-

Велосипедист загина во сообраќајна несреќа кај Кочани
-

„Зајакнете ја врската со татковината“ – Грција нуди државјанство за македонски граѓани со грчко потекло
-

Кривична за 75-годишен маж за предизвикување пожар
-

Во Албанија полициски дронови ќе регистрираат сообраќајни прекршоци
-

Тројцата осомничени за загадувањето на водата во Гостивар изведени пред судија | ВИДЕО
-

Николовски: Годинава откриени се 12 случаи на шверц со над 27.000 парчиња лекови и медицинска опрема
