ФФМ со апел до навивачите пред натпреварот со Украина: Уште денес обезбедете алка за негативен ковид тест
Утре македонската репрезентација ќе го игра вторниот натпревар на ЕП против Украина,а во пресрет на натпреварот ФФМ упати апел до фановите кои се ви Букурешт и ќе ги бодрат нашите момци од трибините.
„Апелираме до сите навивачи и поддржувачи на македонската репрезентација кои имаат влезница за утрешниот натпревар со Украина на Националната арена во Букурешт, доколку се во можност, денеска да обезбедат алка за негативен Ковид-19 тест (задолжителна за влез на стадионот), од причина што организаторите на натпреварот очекуваат голем број навивачи на двете репрезентации да пристигнат во Букурешт во текот на утрешниот ден“, велат од федерација.
Натпреварот во Букурешт е закажан за утре од 15:00 часот, а на центарот ќе застане аргентинскиот арбитар Андрес Рапалини.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот