-->
-->
ФФМ донираше опрема на фудбалската паралелка во Прилеп
-->
Фудбалската федерација на Македонија донираше 24. комплета спортска опрема (дресови, шорцеви, чорапи) и „ЈАКО“ фудбалски топки на паралелката од Прилеп.
- Детерминирани да бидат базата што ќе овозможи добар старт за успешна спортска кариера, ФФМ ги демонстрира своите заложби преку платформата за унапредување на спортот и подигнување на спортскиот дух кај младите, а еден од предвидените проекти е и донација на 24 комплета опрема и фудбалски топки за паралелката од Прилеп, соопштија од ФФМ.
Од федерацијата додаваат дека акцијата на донирање спортска опрема има долгорочна цел активно да ја стави својата експертиза во служба на фудбалот, да се ангажира во привлекувањето на што е можно повеќе млади луѓе, да промовира идеи, да го штити угледот на фудбалот и да одржува односи со клубовите и младите фудбалери врз основа на правичност и чесност, почитувајќи го нивниот талент и идентитет.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Таравари е против нови избори во Гостивар
-
Владејачките партии се соочуваат со изборниот пораз
-
Тема на денот со Крешник Бектеши, ДУИ
-
М-ТЕЛ стана партнер на Д-фестивал
-
КРКА ја презентираше мобилната апликација ФЛЕБИ
-
Вреди убедува 4 пратеници од фронтот на Ахмети за промена на страната
-
Во јавен сектор најмногу се вработувало една година по промена на власта
-
ВО ЖИВО: 4 неуспешни обиди за гласање за нов претседател на Уставниот суд