ФФМ: Билети за натпреварот Англија – Македонија можат да се купат до 15-ти јуни
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) информираше дека навивачите на македонската репрезентација имаат можност до 15 јуни да купат билет за евроквалификацискиот натпревар против Англија на „Олд Трафорд“ во Манчестер.
По воведната победа во квалификациската група Ц над Малта (2-1) на домашен терен, македонските фудбалери овој месец ги очекуваат дуелите против Украина, на 16 јуни во Скопје, и против Англија на гостински терен на 19 јуни.
Билетите за гостувањето на македонската репрезентација во Манчестер, во рамки на квалификациите за ЕУРО2024, се продаваат по цена од 30 и 40 фунти. Билети за лица со попреченост можат да се нарачаат на телефонски број: 0800 093 0824
На навивачите на македонската репрезентација кои се резиденти во Обединето Кралство билетите по купување ќе им бидат доставени до домашна адреса. Останатите навивачи на македонската репрезентација кои ќе купат билет за натпреварот ќе добијат електронски ваучер кој на ден на натпреварот ќе треба да го заменат за физички билет на означена локација во близина на стадионот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

СДСМ го одржува 32. Конгрес
-

ВМРО-ДПМНЕ: ЕУ не фали - Филипче бара уставни измени
-

ЕФА ја изгласа резолуцијата на МАЕИ со која се бара албанските власти да ги спроведат правата на македонски јазик
-

Охридскиот аеродром се отовора кон Полска
-

Со едно скенирање до проверка на лиценца: Државата воведува нов дигитален систем
-

Мерџановски - пациенти да не користат недокажан медицински туризам
-

Штип со реконструкција на постојните и два нови моста
