Фетаи: Ние сме само магационери и архивари на предметите што се во фаза на истраги
Предметите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во фаза на истрага кои беа преземени од редовното обвинителство седат во кутии и поради тоа некои осомничени лица за измами и злоупотреби место да бидат на обвинителна клупа во судница, тие делат правни совети како треба да се води истрага за надоместоците во СЈО, изјави денеска обвинителката Фатиме Фетаи одговарајќи на новинарско прашање пред одржувањето на судското рочиште за „Монструм“.
-Целта на преземањето на предметите беше да нема застој, а истрагите седат во кутии и затоа некои осомничени лица за измамнички дејствија и за поттикнување злоупотреби место денеска да бидат во судница на обвинителна клупа, тие мавтаат со лажни бројки и делат правни совети како треба да се води истрагата за надоместоците на обвинителите од СЈО. Буквално, ние сме само магационери и архивари на предметите што се во фаза на истраги, а има истраги кои се готови, спремни за обвиненија, рече Фетаи.
Таа додаде дека конкретно зборува за „Моќник“ и осомниченото лице Антонијо Милошоски кој, според Фетаи, „место да си подготвува одбрана за во судница, доколку се разбира ни беа поделени предметите, тој излегува по медиуми и дели правни совети дека хонорарите во СЈО треба да се иследуваат како злоупотреба и проневера“.
Обвинителката Фетаи рече дека специјалните јавни обвинители работеле месечно за плата што е соодветна на платата што им се дава на лицата на оваа функција каде било во регионот, додавајќи дека нивните плати биле само за 300 евра повисоки од тие на обвинителите.
Ново на Сител
-

На граничните премини нема долги задржувања
-

Денеска е најтоплиот ден во историјата на мерењата во Франција
-

Силно невреме со пороен дожд, град и грмежи помеѓу Неготино и Демир Капија
-

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски се прости од Јовица Илиевски
-

Невреме со пороен дожд во Штип и Гевгелија
-

Опожарени околу 30 хектари житни култури во две светиниколски села
-

На 58-годишна возраст почина градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски
-

ЦУК: Активни три пожари
