Фетаи: Јанева ја одредуваше сумата за доверливост

Обвинителката Фатиме Фетаи смета дека износите кои ги добивале обвинителите од СЈО биле на ниво на износите кои ги добивале сите специјални обвинители во регионот.
Според Фетаи, годишно сумата достигнувала околу 20.000 евра што било помалку од патните трошоци кои ги добиваат пратениците.
Таа појасни дека износите кој колкава сума ќе добие ги одредувала специјалната обвинителка Катица Јанева, а тоа било согласно законот за СЈО. Фетаи додаде оти во зградата на СЈО вчера не се правел претрес туку само биле побарани документи за исплатите. Вели дека подготвени се да сносат одговорност ако обвинителството за гонење криминал и корупција утврди неправилности во исплатите. За Фетаи е чудно што толку брзо реагирале институциите за нивните додатоци на плата кои биле јавни уште во 2016 година и вели дека ако истите институции постапувале во сите случаи, значително помалку ќе имало кривични дела по какви што постапувал СЈО.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-

Македонците јадат безбедна храна - тврди директорот на АХВ
-

Монтеко со две платинести и една сребрена награда во Белград
-

Вакцинацијата против грип ќе стартува следната недела - приоритетните ќе ги утврдува Комисијата за имунизација
-

Диспензирање на терапијата за мултиплрекс склероза
-

Проширувањето на ЕУ во сенка - Зеленски го превзема фокусот на состанокот на Европскиот совет
-

Преглед на вестите од светот
-

Загрозен балканскиот рис
-

Баргала, 16 века историја собрани во една книга
