Фестивалот „Сирење и вино“ утревечер на плоштадот кај Чинарот во Охрид
На плоштадот „Крушевска Република“ кај Чинарот во Охрид утревечер ќе биде отворен фестивалот на „Вино и сирење“.
На дводневната манифестација оваа година, покрај локалните производители на вино и сирење, ќе учествуваат и производители од регионот Корча, Република Албанија. Тие ќе имаат можност своите производи да ги презентираат пред посетителите кои, пак, ќе имаат можност да ги почувствуваат вкусовите на домашните вина и сирења.
Фестивалот на вино и сирење е осмислен како активност насочена кон збогатувањето на туристичката понуда на градот во овој период од годината, а истовремено и можност за остварување контакти меѓу самите производители на традиционална храна.
Фестивалот се организира во соработка на Општина Охрид со Прекуграничниот регион Преспа, а е дел од програмата на ABDA која се спроведува преку „Regional Rural Development Standing Working Group“ во Југоисточна Европа.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Очекувам добри економски резултати
-
Охрид привлечен за посетителите
-
Текстилната индустрија зависи од странските партнери
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Епископ Делчевско-каменички Марко
-
Православните христијани денеска го празнуваат Божиќ
-
Честитки од политичарите за Божиќ