-->
-->
Фестивалот на хуморот и сатирата „Ин Виница Веритас“ од 3 д0 7 октомври
-->
Годинешното издание на традиционалниот меѓународен фестивал на хумор и сатира „Ин Виница Веритас“ ќе се одржи од 3 до 7 октомври во Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница.
На фестивалот ќе бидат изведени неколку театарски престави, промоција на книга афоризми, а ќе бидат доделени и награди за најуспешна карикатира на годинешниот фестивал.
На денешната прес-конференција организаторот на фестивалот Домот на културата „Тошо Арсов“ и општина Виница ги соопштија наградените автори на карикатури, а ја најавија и богатата програма која следува за време на фестивалските денови.
- Годинешни добитници на наградите се автори од Австрија, Македонија и Србија. Првата награда му припадна на карикатуристот Клаус Питер од Австрија ,втората на Петар Јанков од Македноја и третата на Гошо Борковиќ од Србија. Наградите ќе бидат врачени во понеделник на 3 октомври на отворањето на фестивалот. Годинава жири комисијата работеше во состав:Мирослав Георгиевски претседател и Братислав Димитров, Кристина Атанасова Арсова и Валекс Александров, членови, информираше Славко Данев, директор на Домот на културата од Виница.
Тој информираше дека на отворањето на фестивалот ќе следи и отворање на изложба на карикатури „50 години творештво“ на Јордан поп Илиев, а ќе настапи и триото „Џентлмен“.
Во наредните четири фестивалски дена ќе настапат Народниот театар при читалиштето од градот Трјавна, Република Бугарија, како и театарот комедија и Кумановскиот и Охридскиот театар. Ќе биде промовиран и алманахот „Македонска афористичка ризница“.
Покровител на фестивалот е Општина Финица и Министерството за култура на Република Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Филков: Правда ќе има
-
Со мирен марш средношколците од Охрид им оддадоа почит на настраданите во Кочани
-
Уште 17 потешко повредени во текот на ноќта пренесени на лекување во Србија, Грција и Австрија
-
14 осомничени за пожарот во Кочани се во притвор, меѓу нив и екс министерот Бектеши
-
Од денеска теренски контроли на сите кабареа и ноќни клубови, само 12 субјекти во државата поседуваат лиценци
-
14 осомничени за пожарот во Kочани се во притвор, меѓу нив и екс министерот Бектеши
-
Уште 17 потешко повредени во текот на ноќта пренесени на лекување во Србија, Грција и Австрија
-
Бектеши и Трајковски на распит во Кочани