Фестивалот на хумор и сатира „Ин Виница веритас“ од 2-ри до 6 октомври
Деветтото издание на Меѓународниот фестивал на хумор и сатира „Ин Виница веритас“ ќе се одржува од 2-ри до 6 октомври во Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница.
Директорот на Домот на културата, Славко Данев, денеска ја презентираше програмата за фестивалот кој во понеделник ќе почне со портрет на бугрскиот карикатурист Ивајло Цветков и ретреоспективна изложба на дела од авторот.
- Во вечерниот термин ќе настапи Народно позориште „Бора Станковиќ“ од Врање, Србија, со претстава по текст од Нушиќ. На вториот фестивалски ден карикатуристот Ивајло Цветков ќе одржи работилница за карикатура, а ќе се одржи и детско хумористично шоу. Во вечерниот термин настапуваат театрите „Крик“ и „Комедија“ од Скопје, информираше Данев.
На фестивалот ќе настапат и театрите од Охрид и Велес, а за затворањето на фестивалот со стендап комедија ќе настапи актерот од Битолскиот театар Марјан Георгиевски.
Фестивалот на хумор и сатира „Ин Виница веритас“ и годинава е финансиски поддржан од Општина Виница.
Ново на Сител
-
Баро: Путин е пречка за мирот, потребни се нови санкции против Русија
-
Баерн подготвува емотивно збогување со ветеранот Милер
-
Путин и Трамп разменија честитки по повод 80-годишнината од победата над нацистичка Германија
-
Во Москва средба Вучиќ - Си Џинпинг
-
Бискупот Стојанов упати честитки до папата Лав Четиринаесетти
-
Потребна е итна санација на патот во Галичник
-
Затворени пет бензински пумпи во Солун и во Атина поради измами со гориво
-
В недела посебен режим на сообраќај во Скопје