Фестивал на органска храна

Под мотото „Здраво секојдневие и начин на живот“ денеска на плоштадот „Македонија“ во Скопје ќе се одржи 6. Фестивал на органска храна.
Целта на фестивалот е да го промовира користењето на органските производи како важен сегмент во секојдневната исхрана.
Организирани ќе бидат дебати за предностите на органската храна, за здравјето на секој поединец и неговите најблиски, јога работилници за деца и возрасни, дебата со нутриционисти околу здравиот начин на исхрана, како и работилници за најмалите.
Во изложбениот дел е предвидена презентација и дегустација на производи од преку 20 органски производители и компании кои нудат органска козметика, органски мед, органски зеленчук, органско овошје,...
Фестивалот на органска храна ќе трае од 10 до 18 часот, а го организира Град Скопје.
Ново на Сител
-

Кочани е првата општина во државата со бесплатен интернет за сите
-

Синдикалната кошничка во февруари поскапа за 965 денари
-

Преглед на вестите од светот
-

100 дена мандат на градоначалникот на Скопје
-

Тема на денот со Трифун Костовски, бизнисмен и поранешен градоначалник
-

Слаб процент на вакцинација со ХПВ во скопски Центар и Карпош
-

Преглед на вестите од светот
-

Одложено судењето за екс директорот на Комунална хигиена
