Фестивал на новиот германски филм во Кавадарци
Со проекција на „Мед во главата“ синоќа во Кавадарци почна тридневното прикажување на филмови од германската кинематографија, во рамки на 12. Фестивал на новиот германски филм.
Градоначалникот на Кавадарци Александар Панов рече дека кавадарчани имаат можност да се запознаат со германската култура.
- Преку германската култура да направиме уште еден чекор кон најпосакуваниот јазик во Тиквешијата, а тоа е германскиот, бидејќи знаете дека имаме неколку германски инвестиции, додаде Панов.
Тој нагласи дека Кавадарци ја има таа привилегија да биде еден од малкуте градови во Македонија, во кои се прикажуваат германските филмови.
Хелга Тајпл, раководител на Одделот за култура при Германската амбасада во Македонија изрази задоволство што со фестивалот на новиот германски филм повторно се во Кавадарци.
- Изгледавме многу фимови, во обид да ги избереме и прикажеме најдобрите. Во Македонија има многу филмски фестивали, особено се радувам што овој фестивал ќе им овозможи на луѓето да ги погледнат филмовите во оригинален јазик, затоа што овде има многу луѓе кои се интересираат за германскиот јазик и го изучуваат. Ова е убава можност малку да вежбаат, нагласи Тајпл. Упати благодарност до партнерите кои го поддржуваат фестивалот, германската банка Прокредит и културниот дом од Кавадарци.
За филмот „Мед во главата“ рече дека е еден од најгледаните во Германија и додаде оти минатата година го погледнале повеќе од 7,2 милиони луѓе.
На програмата се шест филмови. Следува прикажувањето на филмовите „За една девојка“, „Државата против Фриц Бауер“, „Куќата на крокодилите“, „Хердер - помеѓу два света“, „Тура на животот“. Влезот е слободен.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ го обвинува Коцевски
-
На пазарот фалат над 10.000 работници, ССМ апелирира за зголемување на платите
-
Тутунарите не го предаваат тутунот
-
Годинава регистрирани 51 случај со ХИВ/СИДА – Невладините бараат поголем буџет за превенција и терапија
-
Раритетен археолошки наод - Ѕидана гробница од крајот на вториот век
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитријевиќ
-
17 уапсени за инцидентите