Македонија
12. September 2015 - 9:22

Фестивал на европски филмови во Штип

Во Домот на млади во Штип, денеска и утре со ”Недела на Француски и Шпански  филмови”, продолжува Второто издание на  Фестивалот  на европски филмови во градовите низ Македонија “Festival on wheels 2015”.

Денеска ќе бидат прикажани францускиот наградуван филм ‘’Gare du Nord’’ и шпанската хорор-комедија ‘’ Witching & Bitching’’, додека утре во рамките на детското матине најмладите ќе имаат можност да го погледнат детскиот филм  ‘’Amazonia’’, а во вечерните часови францускиот филм ‘’Oceane’’ копродукциски акционен хит „Blood Ties“.

Фестивалот e во организација на Катавеј од Скопје , со поддршка од  Агенцијата за филм на РМ и во соработка со Домот на млади во Штип.

Фестивалот  има свои изданија во 5 градови во Македонија – Струга, Дојран, Штип, Куманово и  Прилеп. Во секој град ќе се одржуваат  тематски проекции на филмови од различни европски филмски центри, со тематски филмски работилници водени од еминентни филски работници, како и неделно детско матине со проекција на анимирани филмови.