Македонија
18. јуни 2023 - 19:52

Фестивал на домашна храна за препознатлив македонски бренд

Домашната и автентична храна е светски тренд, но во Македонија таа сеуште се бори за своето место. Денешниот фестивал, наменет за домашните прозиведувачи покажа дека тие имаат многу да понудат, со дури 40 изложувачи од целата земја, кои имаа можност да ги презентираат и продаваат своите производи

Ова е 3-ти пат  како се одржува Фестивалот на биодиверзитет, во организација на Слоу Фуд Водно со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Цел на настанот е афирмација  на домашното производство на храна кое станува бесценето во трката за храна која полека се наметнува во светот, под налетот на климатските промени, економската и безбедносната криза.