Фестивал на детски песни „Јо-Јо 2016“ во Струмица

Во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица вечер ќе се одржи Фестивлот на детски песни „Јо-Јо 2016“, на кој ќе настапат дваесет учесници.
- Фестивалот „Јо-Јо“ има веќе тригодишна традиција. Почнавме скромно и ентузијастички, но првите аудиции покажаа дека Струмица и регионот се расадник на млади музички таленти. Тоа годинава повторно ќе се докаже на сцена. Југоистокот има голем капацитет. Сакаме наредните години да вклучуваме учесници и од другите градови, но и од други држави, рече Мери Јанчева, организатор на фестивалот.
На фестивалот му претходеше четиримесечна аудиција за деца-музички таленти во седум училишта, во која учествуваа вкупно 415 деца на возраст од 5 до 12 години. Од нив стручното жири избра 35 деца - финалисти кои стекнаа право на учество на Фестивалот. Победник на аудицијата е Анастасија Цамбулева од основното училиште „Сандо Масев“ од Струмица, соопштија организаторите.
Влезот за фестивалот е слободен. Финансиски е поддржан од Општина Струмица.
Ново на Сител
-

Во пораст бројот на заболени од рак на грлото на матката, најмладите пациентки се на 18 годишна возраст
-

Победи за Алкараз, Медведев и Сабаленка на Австралија опен
-

Ѓоковиќ го откажа тренингот во Мелбурн
-

Извлекување на двојките за ¼ финалето од фудбалскиот Куп
-

ЕХФ ЕУРО 2026: Хрватска – Исланд за старт на дуелите од група 2
-

Пожар кај Тутунски комбинат, зафатена автомеханичарска работилница | ВИДЕО
-

Уставниот суд на Бугарија ја потврди оставката на претседателот Румен Радев
-

Шест лица од Тетово добиле кривична откако учествувале во тепачка
