-->
-->
Ферари го претстави новиот болид
-->
Скудерија Ферари и Вилијамс ги претставија своите болиди со кои ќе се натпреваруваат во новата сезона во првенството на Формула 1.
За фановите мало изненадување претставува болидот на Ферари, кој не е целосно црвен, туку на него преовладуваат црвената и белата боја.
Ферари оваа година реши новиот болид да го претстави преку својата интернет страница, а возачите Себастијан Фетел и Кими Раиконен беа со својот шеф Маурицио Аривебене, кој беше придружуван од директорот Џејмс Алисон.
Кога станува збор за техничкиот дел, Ферари направи неколку мали измени во однос на ланскиот болид, во обид да го предизвика Мерцедес во борбата за титулата.
Меѓу другото, носот на болидот е малку покус и повисок, што влијае врз аеродинамиката, исто така има промена и во суспензијата, како и во обликот на моторот.
Покрај Ферари, во петокот новиот болид го претстави и Вилијамс. Челниците на тимот нагласија дека моделот FW38 треба да биде веднаш зад Мерцедес и Ферари, а пред останатите конкуренти. Боите на Вилијамс и оваа сезона ќе ги бранат Фелипе Маса и Валтери Ботас.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Иран, по резолуцијата на МААЕ, најави изградба на нова постројка за збогатување на ураниум
-
Најмалку едно лице ја преживеа авионската несреќа во Индија
-
Телефонската линија 192 за пријавување во полиција е во прекин поради технички проблем, во функција е бројот 112
-
Усвоени неколку закони на 53. седница на Собранието
-
Нападнат малолетник во Марино, настанот снимен со мобилен
-
Директорот на Царина на настан со генералните директори на ЕУ и ЗБ: Покажавме дека Царинската управа е силно посветена на реформската агенда за забрзан влез во ЕУ
-
Меџити од Украина: Силно ја осудуваме руската агресија, бараме итно запирање на војната
-
26 годишен полицаец уапсен во Кисела Вода, пијан поминал на полна линија па се заканувал