-->
-->
Фенербахче гостин на јубилејот наКК Работнички
-->

По повод 70 години од постоењето на Кошаркарскиот клуб Работнички вечерва во Скопје како гостин ќе биде финалистот од Евролигата турската екипа Фенербахче. Во редовите на повеќекратниот македонски шампион се задоволни што турската екипа ќе биде дел од јубилејот на тимот од „Градски парк“.
Натпреварот ќе се игра во „ВИП Арената“ на СЦ „Борис Трајковски“, а домаќинот соопшти дека се продадени сите 7.000 билети за овој кошаркарски спектакл и натпреварот ќе се одигра пред полна сала.
Во редовите на Фенербахче, за наши прилики секако најпознато е името на македонскиот интернационалец Перо Антиќ. Тој воедно е еден од најзаслужните и за гостувањето во Скопје на неговиот сегашен тим.
Предвидено е вечерва последните минути во својата богата кошаркарска кариера да ги одигра и Тодор Гечевски. Според програмата негови треба да бидат последните две минути од првата четвртина. На полувремето од спектаклот, ќе има дел во кој во центарот на вниманието ќе бидат атлетите од Специјалната олимпијада.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почна чистењето на водоводот во Гостивар
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сотир Лукровски, градоначалник на Карпош
-

„Астровирус“ и „шигела“ во дел од примероците на гостиварци
-

Има ли надеж гостиварци да добијат барем техничка вода
-

Водата во Валандово е безбедна, покажаа новите анализи
-

Филипче бара оставки, водата за пиење не била исправна и во болницата во Лешок
-

Граѓаните пријавуваат штети по ураганот во Скопје: Зошто покривите летаа како пердуви?
