Фелаини е првиот фудбалер со КОВИД-19 во Кина
Поранешниот играч од средниот ред на Евертон и Манчестер Јунајтед, Маруан Фелаини е уште едно популарно име во светот на фудбалот, кое се зарази со коронавирус. Белгискиот репрезентативец игра во кинескиот Шандонг Луненг. Пред неколку дена, тој пристигна со воз во Jинан, каде неговата температура била измерена на станицата, а последователниот тест со КОВИД-19 се покажа како позитивен.
Триесет и две-годишниот Фелаини е првиот кинески фудбалер на Супер лигата кој има коронавирус. Како што е познато, епидемијата започна токму од најнаселената земја во светот.
Фелаини потпиша со Шандонг Луненг во 2019 година и настапи силно во својата дебитантска сезона, постигнувајќи 13 гола и неговиот тим заврши на петтото место во Шампионатот.
Во јануари, Жозе Мурињо се обиде да го врати искусниот играч од средниот ред во Премиер лигата, но преговорите меѓу Тотенхем и кинескиот клуб пропаднаа.
Ново на Сител
-
Тргна коњаницата кон Крушево
-
Тема на денот со Марјан Калевски, Зелен Хуман Град
-
Претседателката на Антикорупциска поднесе оставка
-
Пратениците во вторник ќе расправаат за интерпелацијата на државниот обвинител Коцевски
-
Втор ден потрага по 16-годишно девојче кое вчера ја повлекоа водите на Вардар кај Уланци, Градско
-
Активни 6 пожари
-
Топлотниот бран ги „вжешти“ телефоните во Скопската брза помош
-
Расте бројот на нови партии пред изборите, без измени на Изборниот законик нема независни кандидати