Интернет
22. May 2017 - 9:57

Фејсбук за една седмица проверува над 6,5 милиони објави од можни лажни профили

Фејсбук секоја седмица проверува над 6,5 милиони објави од профили кои се пријавени како лажни, пишува лондонски „Гардијан".

Доверливи документи што протекле во јавноста, покажуваат дека според Фејсбук, дури и видеата со насилна смрт не треба да бидат веднаш и трајно отстранети, оти можат да помогнат, на пример, за „обрнување поголемо внимание на прашањата од типот на тешките психички растројства“. Истото важи и за снимките со физичко насилство и тормозење на деца, освен ако не се работи за садизам, сексуална злоупотреба или други екстремни елементи.

Записите откриваат и дека социјалната мрежа ќе дозволува пренос во живо на обиди за самоповредување, оти „не сака да ги цензурира или казнува луѓето кои страдаат".