Интернет
25. April 2019 - 16:27

„Фејсбук“ очекува рекордна казна поради протекување лични податоци

Компанијата „Фејсбук“ соопшти дека очекува американските власти да и изречат рекордна казна од меѓу три и пет милиони долари, поради протекување на лични информации на корисниците на социјалната мрежа.

Најавата следи откако минатата недела американската Федерална комисија за трговија започна истрага по обвинувањата за протекување на лични податоци на корисниците на „Фејсбук“.

Извори од компанија информираа дека „Фејсбук“ веќе издвоил три милиони долари за да ја плати очекуваната казна што ќе ја изрече Комисијата.

Инаку, според последните податоци бројот на корисници на „Фејсбук“ достигнал 2,38 милијарди лица, што е за околу 10 милиони повеќе од очекуваните 2,37 милијарди долари. Во исто време, профитот на компанијата се зголемил за 26 отсто на 15,08 милијарди долари, што е повеќе од предвидуваните 14,97 милијарди.