Фејман: Неопходна е европска солидарност за решавање на бегалската криза

Австрискиот канцелар Вернер Фејман изјави дека е неопходна солидарност во ЕУ за да се спречи бегалската криза, предупредувајќи дека во спротивно ширум континентот може да дојде до подигнување заштитни огради.
Тој најави можност да биде извршен притисок врз другите членки преку преговори за буџетот на Унијата.
- Кога други од нас бараат солидарност тогаш и ние имаме право да се погрижиме и другите да дадат свој придонес. Ако не успееме да градиме заедничка Европа, ќе имаме насекаде ѕидови, истакна Фајман.
Австрискиот канцелар упати критики до Чешка и Полска, кои не прифатиле речиси ниту еден бегалец. Тој ја критикуваше и Унгарија поради пропуштање на бегалците, нагласувајќи дека постојат Даблински правила кои јасно укажуваат оти земјата-членка на ЕУ на чија територија азилантот прво пристигнал е надлежна за барање за добивање азил.
Како решение за спречување на актуелната криза Фајман предлага мерки против војната во Сирија, за што, според него, е потребен мандат на ОН.
Ново на Сител
-

Шасивари: Криминалот не смее да се исплати, а незаконски стекнатиот имот мора да се одземе
-

Во Берото утрово најстудено, во Гевгелија 3 степени
-

Митровденска задушница - спомен за починатите
-

Уапсен вооружен маж во близина на Белата куќа: Тврдел дека гласови му наредиле да го убие Трамп
-

Ѓорѓиевски: Камениот мост повторно блесна - гордоста на Скопје во полн сјај
-

Русија со нови ракетни напади врз Киев, одекнаа десетици експлозии
-

Масовните протести во Франција влегуваат во четвртиот викенд
-

ЕК почна преговори за вклучување на Западен Балкан во европската шема „Роаминг како дома“
