ФЕИТ ги отвори вратите за идните студенти

Претставување на студиските програми, посета на лаборатории, разговори и неформална дружба го одбележаа овогодишниот отворен ден на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.
Како што соопштуваат од Факултетот, лабораториите беа посетени преку популарната интерактивна игра Scavenger HUNT.
Деканот на ФЕИТ, проф. д-р Владимир Атанасовски истакна дека секоја година, традиционално, го организираат Отворениот ден со намера да ги запознаат идните студенти со сите случувања на Факултетот.
-Секоја година, се обидуваме да внесеме свежина и нови елементи во програмата за да ги привлечеме младите идни кадри во инженерството. Оваа година претставувањето на лабораториите на ФЕИТ беше преку популарната интерактивна игра Scavenger HUNT преку која сите играчи решаваа предизвици од соодветните области во секоја од лабораториите. Предизвиците беа замислени така што демонстрираа што работи конкретната лабораторија. На тој начин, средношколците добија увид во нашите ресурси од областите на роботика, компјутерски науки, телекомуникации, електроника и енергетика на еден лесен, разбирлив и интересен пристап за нив, вели деканот Атанасовски.
На средбата со новите студенти присуствуваа претставници на деканската управа и на ФЕИТ алумни.
На настанот, организиран во дворот на кампусот технички факултети, пролетната дружба продолжи со забава со DJ, board игри, спортски игри, пијалаци и добра храна, наведуваат од ФЕИТ.
Ново на Сител
-

Камионџиите утре ќе ги блокираат граничните премини поради новите правила за влез во ЕУ
-

Или промени или распад - Членството на СДСМ со порака до раководството
-

Тошковски: Паралелно со „Сејф Сити“, ќе има и полициски возила со мобилни камери на „црните точки“ на патиштата
-

АХВ: Спроведени 125 илјади контроли, изречени казни од над половина милион евра
-

Ориз на годинашната реколта стои по амбарите
-

Охрид презема мерки за заштита од загадениот воздух
-

Во месецов што изминува преполни сместувачки капацитети во Крушево
-

Преглед на вестите од светот
