Федерер: Веќе не мислам дека тенисот ми е неопходен

Дваесеткратниот грен слем победник Роџер Федерер одговори на прашање за можното продолжување на кариерата.
– Сакам да победувам, но ако веќе немате желба да се натпреварувате, тогаш најдобро е навистина да престанете. Мислам дека повеќе не ми треба тенис. Подготвен сум да ги прославам малите нешта, како кога син ми прави нешто како што треба или кога ќерка ми се враќа од училиште со добра оценка. Тенисот е голем дел од мене, но не е се од мене. Сакам да останам успешен, но тоа може да се постигне и надвор од спортот, изјави Федерер за „Algemeen Dagblad“.
Последното натпреварување на 40-годишниот Швјацарец беше на Вимблдон минатата година.
Претходно Федерер за прв пат во кариерата испадна од АТП-листата. Ова се случи од причина што 40-годишниот спортист не играше на ниту еден рејтинг турнир во изминатите 52 недели.
Ново на Сител
-

Половина буџет оди во чинија: Македонецот изел 170 килограми леб, а само килограм и пол цреши
-

Последени моменти од 2025 година
-

Охрид во очекување на Новата година
-

Сиљановска: 2026 ќе биде година на реформи
-

Гаши: Со единство до напредок
-

Мицкоски: 2026 ќе биде година на напредок
-

Паркирањето во центарот на Штип целосно се дигитализира
-

Преглед на вестите од светот
