-->
-->
Федерер не игра во Синсинати, Надал ќе биде број 1
-->
Седумкратниот победник на Мастерсот во Синсинати Рожер Федерер денеска се повлече од тунирот поради болките во грбот што ги почуствувал во текот на вчерашниот меч од финалето во Монтреал, каде загуби од Александер Зверев.
Повлекувањето на Федерер значи дека следната седмица при објавувањето на новата ранг листа на АТП број 1 тенисер во светот ќе биде Рафаел Надал, не зависно од резултатот што ќе го постигне на овој турнир. Надал ќе успее да го мине Енди Мареј (лани финалист во Синсинати), бидејќи и тој поради повреда нема да настапи на турнирот во Синсинати.
Двајцата тенисери на ваков чекор се решија за да може да ги санираат повредите во пресрет на УС Опен, кој почнува на 28.август.
Мастерсот во Синсинати ќе биде дополнително ослабнат бидејќи поради повреда нема да игра ниту ланскиот шампион Марин Чилиќ од Хрватска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК: Седум пожари и 1.837 повици на 112 во последното деноноќие
-
СДСМ: Минималната плата мора да продолжи да расте, го поддржуваме ССМ во барањата
-
Убиство во Тетово
-
Алтернатива ќе избира претседател на партијата
-
Четврто собрание на Алијансата на Албанците
-
Хамас го прифати предлогот за преговори за ослободување на израелските заложници
-
Евакуирани речиси 5800 луѓе поради пукање на брана во Кина
-
Бајден: Само Господ може да ме отстрани од претседателската трка