Тенис
13. April 2016 - 19:55

Фед куп: Македонија со две победи прва во групата

Голем успех постигна женската тениска репрезентација на Македонија откако во 2.коло во групата Б од Фед купт од Третата Евроафриканска зона ја победи селекцијата носител Република Ирска со 2:1. Со овој триумф без разлика на исходот од мечот од 3.коло со Исланд (последен во групата) Македонија е првопласирана и во сабота ќе игра против Норвешка за пласман ранг повисоко.

Република Ирска поведе во мечот откако Катарина Маринковиќ беше поразена од Џенифер Тимотин со 2:1 во сетови. Со истиот резултат Магдалена Стоилковска ја совлада Џорџија Друми. Во двојки македпонските тенисерки беа поуспешни од ривалките со истиот резултат во сетови.
Успехот остварен е далеку поголем ако се знае дека Македонија на ова натпреварување игра без првата тенисерка Лина Ѓорческа поради анстап на фјучрс турнир во Истанбул.
Македонија утре е слободна, а во петок игра против Исланд.