ФДП ќе коалицира со Меркел ако се смени насоката на германската политика

- Лидерот на германската Слободна демократска партија (ФДП), Кристијан Линднер изјави дека неговата партија ќе коалицира со Христијанско демократската унија (ЦДУ) на канцеларката Ангела Меркел, само ако дојде до промена во насоката на владината политика.
Конзервативниот блок на Ангела Меркел по последните избори остана најголемата парламентарна сила, но загуби дел од гласачите кои ја поддржаа екстремната десница. Единствена реална опција на Меркел сега е коалиција со ФДП и партијата Зелени.
Меѓутоа, либералната ФДП и Зелените имаат спротивни ставови за прашањата од областа на енергетиката, данокот, како и за иднината на Европа и миграцијата, што го комплицира патот за каков било договор за т.н. „Јамајка“ коалиција, именувана според боите на трите партии кои асоцираат на знамето на Јамајка: црната, жолтата и зелената.
- Некои луѓе ја фалат „Јамајка“ како романтичен политички проект. Дали овие партии ќе можат да коалицираат без разлики и во интерес на земјата останува да се види. Политиката не е математика. Сите треба да знаат дека слободните демократи ќе се приклучат на коалицијата единствено ако дојде до промена во насоката на германската политика, изјави Линднер
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Реализација на владините ветувања
-

Млекарите од Пијанец најавуваат блокади на патиштата, а млеко ќе се дели гратис, наместо да се истура
-

Сп 2026: Аргентина - Алжир со 3-0 со хет-трик на Меси
-

Сиљановска: Не очекувам да се нарушат односите со Бугарија
-

Јотова загрижена за бугарскиот амандман за извештајот за Македонија - почна дебатата во ЕП
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

Приведен 44 годишeн скопјанец за палењето на возилата на бугарската амбасада
