ФБИ ја презеде истрагата за убиството на Алекс Прети, Министерството за правда на САД отвори федерален предмет

ФБИ го презеде раководењето со истрагата за смртта на Алекс Прети, жител на Минеаполис, кој беше фатално застрелан од агенти на Агенцијата за имиграција и царинска контрола (ICE) и Царинската и гранична заштита, соопштија американските власти.
Министерството за внатрешна безбедност првично најави дека сопствената единица за внатрешни истраги ќе го води случајот, но подоцна беше објавено дека Федералното биро за истраги (ФБИ) ќе го преземе водството, додека Министерството ќе обезбеди поддршка. Оваа промена првпат ја соопшти вечерва министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем во интервју за „Фокс њуз“ .
- Ќе продолжиме да ја следиме истрагата што ја води ФБИ и ќе им ги даваме сите информации што им се потребни за да ја доведат до крај, гарантирајќи дека американскиот народ ќе ја дознае вистината за слученото и како можеме да продолжиме напред за да го заштитиме американскиот народ, изјави Ноем.
Портпаролката на Министерството за внатрешна безбедност, Триша Маклафлин, денеска потврди дека ФБИ ќе раководи со истрагата, а Министерството ќе дава поддршка.
Одделно, Службата за царина и гранична заштита, која е дел од Министерството, ќе спроведе своја внатрешна административна истрага за инцидентот во кој двајца агенти отворија оган врз Прети.
Министерството за внатрешна безбедност засега не одговори на прашањата кога точно случајот му беше предаден на ФБИ и зошто се случи промената.
Сè уште не е јасно дали ФБИ сега ќе почне да ги споделува информациите и доказите со државните истражни органи во Минесота, кои досега беа исклучени од процесот.
Во интервјуто за „Фокс њуз“, Ноем изгледа се дистанцираше од своите првобитни изјави дадени веднаш по пукањето, кога тврдеше дека Прети замавнувал со пиштол и им се приближил агресивно на агентите. Подоцна беше објавено видео кое ги демантираше ваквите тврдења.
Прети, 37-годишен медицински техничар во болница на Министерството за ветерани, беше застрелан во саботата наутро во јужен Минеаполис за време на инцидент поврзан со имиграциска операција.
МИА
Ново на Сител
-

Одлуката на Г7 за ослободување нафта и дизел од резервите само привремено ќе ги намали цените на горивата, сметаат експерти
-

Рама: Европската Унија ја лаже Украина
-

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз руските рафинерии за нафта
-

Утре посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон
-

Тројца основци нападнати за време на училишен излет во Сарај
-

Починат 60-годишник пронајден на автобуска постојка во Драчево
-

Силувал девојче под 15 години, го снимал чинот и ја уценувал - кривична за малолетник од Скопје
-

Мицкоски за Изборниот законик: Левица, СДСМ и ДУИ нека дојдат со предлог, ние сме за гласање на дијаспората
