ФБИ ја отстрани заканата-нема обвинение против Хилари Клинтон

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) само 36 часа пред претседателските избори во САД ја отстрани заканата што лебдеше над кандидатот на демократите Хилари Клинтон, објавувајќи дека таа не сторила кривично дело кога користелаи приватен сервер за имејл пораките додека била државна секретарка и дека не и се заканува обвинение.
Со ова ФБИ ги засили шансите на Хилари Клинтон во пресрет на изборот на кој гласачите треба да одлучат дали таа ќе биде првата жена претседател на САД, оценува Блумберг.
И додека Изборниот штаб на демократскиот кандидат соопшти дека им е „мило што ова прашање конечно е разрешено“, од таборот на републиканците порачуваат дека „тоа ништо не менува“ и дека истрагата на ФБИ „од почетокот е погрешно водена“, пренесуваат американските медиуми.
Директорот на ФБИ, Џејмс Коми, објави дека во новите мејлови, пронајдени на приватниот сервер на Клинтон не се пронајдени докази што укажуваат на криминални потези.
Во писмо до членовите на Конгресот, Коми наведе дека агенцијата ја завршила анализата на мејловите и дека не пронашла ништо што би го променило нивниот претходен став, односно дека нема елементи на основа на кои Хилари Клинтон би била соочена со обвинение.
Ново на Сител
-

Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија со дете и полов напад
-

Мухамет Хоџа нов министер за животна средина, Беким Сали министер за евроинтеграции
-

Со сослушување два сведоци продолжи судењето против Нино Васев
-

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар
-

Божиќна честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко - скопски епарх
-

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја
-

Поради неисполнување на хигиенски услови, затворени девет новогодишни куќарки во струшката чаршија
-

Тројца тетовчани се обиделе да измамат полицајци со лажна сообраќајка
