ФБИ доби судска наредба да ги истражи новооткриените мејлови, на Клинтон
Американското Федерално истражно биро (ФБИ) доби судска наредба да ги истражи новооткриените електронски писма поврзани со демократскиот кандидат за преседател Хилари Клинтон, додека истакнат демократ го обвини директорот на оваа агенција Џејмс Коми дека го прекршил законот во обид да влијае врз претстојните претседателски избори во САД.
Судската наредба му дозволува на ФБИ да ги истражи мејловите и да утврди дали постои поврзаност со неговата истрага за случајот со користењето на приватната електронска адреса за испраќање на службени писма од страна на Хилари Клинтон, во времето кога беше државен секретар на САД од 2009 до 2013 година.
Истакнатиот демократ во Сенатот, сенаторот од Невада, Хари Рид во писмо до директорот на ФБИ го обвини за двојни стандарди, бидејќи ги занемарил повиците на демократите за истрага на евентуалната поврзаност на Доналд Трамп со руската Влада, но затоа го информирал Конгресот за мејловите, кои се откриени при истрага за педофилија против поранешниот конгресмен од Њујорк, Антони Вајнер. Вајнер е сопруг на блиската соработничка на Клинтон, Хјума Абедин, со која се разделени.
- Вашите активности во последните месеци демонстрираа загрижувачки двоен стандард во третирањето на чувствителна информација, со јавна намера да и помогнете на една политичка партија за сметка на друга. Моите соработници утврдија дека ваквите дејствија можеби го нарушуваат законот Хач, истакна во писмото сенаторот Рид.
Законот, со кој им се забранува на агентите на ФБИ да ги користат своите службени овластувања за да влијаат врз избори, е усвоен во 1939 година и го носи името на предлагачот, демократскиот сенатот Карл Хач.
Одделно писмо со критики упатени до шефот на ФБИ испратија и поранешниот американски секретар за правда Ерик Холдер и повеќе поранешни федерални обвинители.
Поранешниот конгресмен Вајнер се товари за испраќање мејлови со сексуална содржина на 15-годишно девојче во Северна Каролина. ФБИ веќе имаше добиено судска наредба за претрес на неговиот лаптоп, но му беше потребна посебна дозвола за испитување на материјалот, кој можеби е поврзан со Хилари Клинтон.
Ново на Сител
-
Манолева: Договорени се алтернативнин решенија за хируршките сали
-
ЦУК: Нестабилност со пороен дожд и грмежи подолго време се задржува околу Кавадарци, Неготинио и Демир Капија
-
Димитровска: По верификација на мандатот именуваните и избраните лица треба да се откажат од сите претходни функции
-
Кое е вашето емотивно наследство? | Марина Анчевска | Личен развој | Sitel Podcast 040
-
Македонските кикбоксери од Балканско со 9 златни, 12 сребрени и 11 бронзени медали
-
Најтопло во Велес, Гевгелија, Кавадарци - 34 степени, до крајот на денот локална појава на пороен дожд и грмежи
-
Пред Ајфеловата кула оставени ковчези оставени со натпис – француски војници од Украина, приведени три лица
-
Повеќе загинати и повредени во пожар во руска нафтена рафинерија