Фазлиу му реагира на Азири: Присвојување на туѓите заслуги, не е само слабост, туку и злоба
Присвојување на туѓите заслуги, само затоа што сам ништо не направил, не е само слабост, туку и злоба, вака пишува на својот фејсбук статус Фатон Фазлиу, шеф на Кабинет на Министерот за култура, Хисни Исмаили. Неговиот пост доаѓа после прес конференција на Државниот секретар за култура, Валмир Азири, кој истакна дека во оваа министерство одлуките се носат со консензус на коалиционите партнери, исто како и во Влада.
-Асаф Адеми и Хисни Исмаили ја направија историјата за поддршка на албанската култура и воспоставување ред во културниот живот во земјата, додека на крајот доаѓа Валмир Азири и вели „јас ги направив“. Ова личи на таа анегдота кога ја прашале жабата „колку тежиш?“ и таа одговори „со се лавот од 300 кг“, пишува Фазлиу.
Инаку, Министерот за култура, Хисни Исмаили, е кадар на политичката партија Алтернатива.
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена