-->
-->
„Фатима“ на Францускиот филмски фестивал
-->

Во рамки на 9. Француски филмски фестивал вечер во Скопје ќе бидат прикажани филмовите „Фатима“ и „Лето“, а утре на програмата е „Ни на небо ни на земја“.
Во Охрид, пак, во Центарот за култура „Григор Прличев“, посетителите вечер ќе може да го гледаат „Три срца, а утре „Судија“.
Фестивалот почна завчера, со проекција на филмот „Патот за Истанбул“ на алжирскиот режисер Рашид Бушареб во кино „Милениум“. Го организираат Амбасадата на Франција и Францускиот институт со поддршка на Министерството за култура.
Вчера во Скопје беа прикажани „Страв“ и документарецот „Утре“, а во Охрид филмот „Каприс“.
Годинашното мото на фестивалот е „Различна кинематографија“, а програмата, покрај проекции, предвидува и професионални средби со филмски работници.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Филипче: Драстичен пад на странските инвестиции - дебакл на Мицкоски
-

Пуштена во сообраќај обиколницата околу Крива Паланка
-

Редовната проверка на пулсот може да спречи мозочен удар
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Реактор истражување: Кој се грижи за мајчинството, менталното здравје и невидливиот товар на очекувањата?
-

Власта и опозицијата со нови обвинувања за притворот на Груби
-

Сад и Израел го нападнаа Иран
-

Амбасадата со поддршка за граѓаните
