-->
-->
Фатени момчиња кои краделе од скопски кафеани
-->
Секторот за внатрешни работи-Скопје поднесе кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство против Д.Е.(21) и К.С.(21), и двајцата од Скопје поради основано сомнение дека извршиле три кривични дела „тешки кражби“ и при тоа се стекнале со противправна имотна корист од околу 267.000 денари.
Како што соопшти денеска МВР, на првопријавениот од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.
Кривичните дела пријавените ги извршиле во временскиот период од 30 јуни до 20 јули годинава на подрачје на Центар.
Првото кривично дело е извршено на булеварот „Мајка Тереза“ во гостилницата „Кај Гурман“. Осомничените откако се увериле дека нема да бидат забележани од никого, првопријавениот со употреба на погоден алат насилно го скршил стаклото од лизгачката шалтерска врата и со посегање на раката ја отворил вратата од шалтерот. Влегол внатре, извршил пребарување и претурање во кујната и другиот простор, каде пронашол и украл еден телевизор, плински боци, плинско решо и околу 1.000 денари. Второпријавениот чувал стража и откако не биле забележани од никого, го напуштиле местото на настанот.
Второто кривично дело го извршиле на улицата „Васил Главинов“ во кафе бар „Гарсон“. Таму се приближиле до влезната врата и со насилно кршење на термопан излог стаклото направиле отвор, влегле во објектот каде извршиле претурање и пребарување во шанкот. Пронашле и украле неколку шишиња со разни алкохолни пијалоци, два звучника и други предмети.
Третото кривично дело го извршиле на булеварот „Св.Климент Охридски“ во „Скопски фенери“. Откако ја прескокнале оградата, со погоден предмет првопријавениот делувал меѓу крилото и рамката од еден прозорец, го отворил и влегол внатре, каде извршил претурање и пребарување. Пронашол и украл поголема количина алкохолни пијалоци, кафе, парични средства како и еден паричник со пари и документи, додека второпријавениот чувал стража.
На 16 септември 2016 во просториите на ПС ОН Центар извршен е службен разговор со првопријавениот Д.Е., а додека по К.С. се трага.
Против пријавените и претходно се поднесени кривични пријави. Против Д.Е. поднесени се 20 кривични пријави во Свети Николе, Струга, Велес, Охрид и Скопје од областа на имотните деликти. Против К.С. претходно се поднесени 13 кривични пријави во Крива Паланка, Охрид и Скопје од областа против половата слобода и половиот морал, кривични дела против животната средина, кривични дела против имотот и кривични дела против безбедноста на сообраќајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Скопје 4-ти на неславната листа на најзагадени градови во светот
-
Европратениците ќе гласаат за одобрување на новата Европска комисија
-
Над седум милиони Американци ќе можат да добијат бесплатни лекови за прекумерна тежина
-
Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години
-
Германската компанија „Костел“ започнува трета фаза од инвестицискиот циклус
-
Шести обид бугарскиот Парламент да избере претседател
-
На сила стапи договорот за прекин на огнот во Либан
-
На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници