-->
-->
Фатен скопјанец на железничката станица во Кичево, вооружен до заби чекал воз
-->

ПС Кичево поднесе кривична пријава против А.Ј.(23) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
При вршење работи од областа на безбедноста, полициски службеници го забележале пријавениот во чекалната од железничката станица во Кичево.
При извршен преглед, кај него пронајдени се и одземени се ловна пушка марка “ТОЗ БМ” со калибар 16 милиметри, 64 куршуми за автоматска пушка калибар 7,62 милиметри, 20 куршуми калибар 5,56 милиметри, пет маневарски куршуми за карабин калибар 7,9 милиметри, 11 ловни патрони со калибар 16 милиметри и 14 ловни патрони со калибар 12 милиметри.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дивац опериран по сообраќајна несреќа во Црна Гора
-
Мбапе пуштен од болницата во Мајами
-
Истрага против две лица за тешката сообраќајна несреќа во Охрид
-
САД распоредуваат трет носач на авиони поблиску до конфликтот на Блискиот Исток
-
„Амазон“ ќе произведува 10.000 самоуправувачки „роботакси“ - возила годишно
-
Дисциплинската комисија на ЈОРСМ утврдила крупни грешки кај шефот на Вишото јавно обвинителство
-
На граничните премини Богородица и Табановце од македонска страна се чека до половина час
-
УНХЦР се подготвува за голем бран бегалци од Иран