Фатен на дело: Полицаец од Кочани продавал марихуана на плоштад
Секторот за внатрешни работи Штип до Основното јавно обвинителство Кочани поднесе кривична пријава против О.А. (36), полициски службеник од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Пријавениот во периодот од февруари до април 2018 година, во два наврати, на И.Р. од Кочани, за сума од 11.000 денари му продал околу 80 грама марихуана.
На 11 овој месец, по претходно добиени оперативни сознанија, од страна на Отсекот за недозволена трговија при СВР Штип биле преземени мерки и во близина на градскиот плоштад во Кочани, пријавениот бил фатен во момент кога вршел продажба на марихуаната.
При претрес кај пријавениот била пронајдена поголема сума на пари, а марихуаната која е предмет на купопродажбата била одземена од И.Р..
Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-
ФИФА го казни Шкупи
-
Нетанјаху ќе биде опериран во подземна сала поради опасност од ракетен истрел
-
Пронајдени десет мигранти во две товарни возила на граничниот премин Богородица
-
Постапка против десет лица за кривични дела поврзани со криумчарење возила
-
Во Јужна Кореја прогласена седумдневна жалост поради авионската несреќа
-
Коцевски: Од страна на Јавното обвинителство не протекуваат информации
-
Трент не го известил Ливерпул дека ќе премине во Реал
-
Почина Јагнула Куновска, македонска политичарка и адвокатка