Македонија
31. October 2019 - 11:50

Фатен крадец во Охрид - крадел кај ќе стигне

Поради постоење основи на сомнение за сторени вкупно 17 кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Д.(47) од Скопје, кој заедно со уште две лица, во периодот јуни-октомври 2019 година, со намера да се стекнат со противправна имотна корист, на паркинг простор на повеќе локации во Охрид, населби и плажи, со подесен предмет ги кршеле предните стакла од возилата и одземале вредни предмети, лични документи и пари. Со тоа, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од околу 510.000 денари.