Фатен гостиварец баран со потерница, кој крадел низ Струга
Поради постоење основи на сомнение за сторени шест казнени дела „тешка кражба“ и едно дело „одземање моторно возило“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Џ.И. (21) од Гостивар, лице кое се барало со потерница за издржување казна затвор.
Пријавениот, како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, казнените дела ги сторил во текот на август и септември оваа година во Струга.
- Со употреба на погоден алат и прибор, насилно отворал прозори од куќи и деловни објекти низ Струга. На тој начин, но и со кршење на стаклата од влезните врати, успеал да влезе во внатрешноста на една куќа, аптека и магацин за играчки од каде одзел пари, златен накит, мобилни телефони и други вредни предмети, изјави Димоски.
Џ.И. извршил и две кражби на плажа во Струга и една во кафе бар во центарот на градот.
- Успеал незабележано да одземе паричници, стекнувајќи се со значителна против-правна имотна корист. Оперирајќи низ Струга, Џ.И. на паркинг забележал моторно возило кое не било заклучено, а клучевите биле оставени во внатрешноста на автомобилот, влегол во возилото, го стартовал и го користел за свои потреби, појасни Димоски.
Пријавениот Џ.И. е спроведен во казнено поправната установа Затвор Охрид.
Ново на Сител
-
Лидерите на Вреди на состанок за состојбата во коалицијата и за локалните избори
-
Трамп подготвува нови санкции против Русија ако не се постигне примирје до крајот на април
-
Коцевски го побарал предметот за возачот кој ја прегази Теодора
-
Западни медиуми: НАТО подготвува воени карти во случај на конфликт со Русија
-
УНИЦЕФ: Илјадници деца се жртви на сексуално насилство во источниот дел на ДР Конго
-
Формирана нова првостепена комисија за лекување во странство
-
Утре и задутре посебен режим на сообраќај во Скопје и на патот ГП Блаце - скопска обиколница
-
Тројца осомничени за пожарот во Кочани одат во куќен притвор