Македонија
13. September 2015 - 12:57

Фатен дилер на херoин во Гостивар

Во акција на гостиварската полција вчера во Гостивар е откриен дилер на херион ставен во пакувања подготвени за употреба.

Според портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово-Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар, вчера извршиле претрес во куќата на 30-годишен гостиварец, лоцирана на улица „Кеј Вардар“.

Во домот бил затекнат и Ф.А, кај кого е пронајдена црна футрола за очила, која ја чувал во панталоните. Во неа имало поголема зипер кеса, со 43 мали пакувања, за која првично е утврдено дека се работи за хероин.

Во координација со јавен обвинител, Ф.А. е приведен и задржан во Полициската станица Гостивар. Во текот на денов со соодветна пријава тој ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар.