Фатах повика на мобилизација околу прашањето на Ерусалим
Палестинското движење Фатах, кое го им под контрола Западниот Брег, најави општа мобилизација за да се спречи етаблирањето на Ерусалим како главен град на Израел.
Повикот доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп го призна Ерусалим за израелски главен град и најави дека ќе ја премести Амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим.
- САД станаа главен партнер на окупаторите кои го газат палестинскиот народ и се изолираа од меѓународната заедница, оцени Фатах на палестинскиот лидер Махмуд Абас.
Движењето повика на мобилизација на сите сили против израелската окупација на палестинските територии и го обвини Израел за прекршување на одредбите од мировните договори.
Палестинците бараат источниот дел на Ерусалим, кој е близу до Западниот Брег, да биде главен град на нивната идна незавинсна држава.
Фатах повика и на масовни протести против посетата на американскиот потпретседател Мајк Пенс на Блискиот Исток, кој синоќа беше откажана со образложение дека тој има обврски околу законодавната агенда во Вашингтон.
Движењето најави дека ќе работи и преку Обединетите нации, каде вчера 14 членки на Советот за безбедност поддржаа резолуција со која се повикува Трамп да ја повлече одлуката за Ерусалим. Единствено американската амбасадорка Ники Хејли гласаше против и стави вето на резолуцијата.
Ново на Сител
-
Привремена забрана за дронови во Њу Џерси од безбедносни причини
-
Автобус и две возила удриле во крави на автопатот Скопје - Тетово
-
Сообраќајна незгода на патот Скопје - Тетово, пренасочен сообраќај
-
Мицкоски: Со тоа што Груби е бегалец само потврдува дека е виновен
-
Намалена видливост поради магла на патните правци Ресен - Битола и Струга - Охрид
-
Тошковски: МВР има снимка, полицаецот е суспендиран
-
Нетанјаху: Израел го штити светот од Хутите
-
Нови 118 случаи на грип во државава