Бизнис
20. March 2019 - 19:40

Фармерите бараат и рестораните да декларираат какво месо користат

Од Асоцијацијата на земјоделци бараат меленото месо да се декларира не само во малопродажба туку и во угостителските објекти, а тоа да важи и за секаков вид на месо. Потрошувачот, според нив треба да знае дали месото е замрзнато или свежо, а на тој начин и ќе се определува неговата цена.

- Не е исто. На тој начин се мамат купувачите. Најмалку 50 до 100 % треба да биде поефтино замрзнатото од свежото месо-изјави ЕФТИМ ШАКЛЕВ, АСОЦИЈАЦИЈА НА ЗЕМЈОДЕЛЦИ

Од организацијата на потрошувачи пак се со став дека никаде во Светот не е пракса да се декларира месото во угостителските објекти.

Шаклев наведува дека угостителите продаваат над 80% замрзанто месо, кое најчесто е од увоз. Доколку се усвои нивниот предлог, ќе се стимулира домашното производство, пред се на свинско месо, а фармерите ќе го зголемат сточниот фонд.

- Производството на свинско месо во Македонија може да се зголеми за 30 %, а тоа не е малку. Тоа ни е и целта, да имаме наше, македонско, домашно свежо месо- изјави Шаклев

Есапот е едноставен, додаде Шаклев, на сметка на намалената потрошувачка од увоз, ќе се зголеми побарувачката за домашно месо.