ФАО: Цените на храната растат петти месец по ред
– Цените на храната растат петти месец по ред, што укажува на постепено закрепнување од шокот предизвикан од пандемијата, соопшти Организацијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО).
Индексот на цените на основните прехранбени производи во октомври се искачи во просек на 100,9 поени, најмногу од јануари. Тоа е за 3,1 поени повеќе од ревидираната вредност во септември.
Цените на житните култури минатиот месец скокнаа за 7,2 проценти во споредба со септември и 16,5 проценти во споредба со октомври минатата година, информира ФАО.
Извозната цена на пченицата се зголеми поради намалената понуда, додека цените на пченката го достигнаа највисокото ниво во повеќе од шест години, како резултат на големата побарувачка од Кина.
Цените на јачменот исто така се зголемија, додека оризот стана значително поевтин, пренесува хрватски „Вечерњи лист“.
Цените на шеќерот во октомври се зголемија за 7,6 проценти во споредба со септември, што се должи на очекуваниот пад на производството во Бразил и Индија како резултат на слабите врнежи од дожд.
Индексот на цените на млекото и млечните производи во октомври се зголеми за 2,2 проценти, најмногу како резултат на зголемувањето на цената на сирењето.
Цените на растителните масла се зголемија за 1,8 проценти, што се должи на зголемувањето на цената на палминото и соиното масло, додека цените на маслото од репка нагло паднаа поради несигурната побарувачка во Европската унија.
Во октомври паднаа само цените на месото и тоа за 0,5 проценти во споредба со септември, откако Кина воведе забрана за увоз на свинско месо од Германија поради потврдени случаи на африканска свинска чума.
ФАО наведува дека жетвата на житото во светот е на пат да достигне рекорд во 2020 година, иако прогнозите се дополнително намалени на 2,75 милијарди тони. Дури и во тој случај би се забележал рекорд и пораст во споредба со минатата година за 1,6 проценти.
Организацијата предвидува дека потрошувачката на житни култури во сезоната 2020/2021 година ќе изнесува 2,745 милијарди тони, што би претставувало зголемување од 1,9 проценти во споредба со 2019/2020 година.
Ново на Сител
-

Трамп привремено го одложи воведувањето царини од 50 отсто за одредена стока од Канада
-

Двајца турски државјани со закани присилувале гостиварци на финансиски дејствија на сопствена штета
-

Се подобрува состојбата со пожарите во Албанија
-

Без победник на првите три натпревари од последната рунда во квалификациите за Лигата на шампионите
-

Блумберг“: САД ја проверуваат лојалноста на сојузниците во НАТО
-

Вкупно 37 пожари на отворено низ државата изминатото деноноќие, три се активни
-

Обединетите Арапски Емирати објавија дека сите трговски, економски и финансиски трансакции со Иран се суспендирани
-

Најмалку девет лица загинаа во пожар во хотел во Калкута
